недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Карлос Тевез ја напушта Бока

Карлос Тевез ја напушта Бока

Напаѓачот на Бока јуниорс, Карлос Тевез изјави дека го напушта клубот иако не успеа да каже дека целосно се повлекува од фудбалот.

Тевез, кој освои титула во Премиерлигата со Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити и беше шампион во Серија А со Јувентус, и помогна на Бока да освои две титули откако се врати во клубот од Буенос Аирес по трет пат во јануари 2018 година.

-Денес е еден од најтажните денови во мојот живот, но јас сум задоволен од мојата одлука. Јас не сум 100% психички подготвен, па чувствувам дека морам да се оддалечам и тоа е она што го правам, изјави Тевез.