Португалецот Карлос Карвахал е назначен за нов менаџер на Свонси до крајот на сезоната, објави велшкиот фудбалски клуб.
Последно пласираниот тим Премиер Лигата минатата недела го отпушти Пол Клемент по серијата загуби и само една победа во 11 натпревари и на негово место го поставува Карвахал, доскорешниот менаџер на Шефилд Венздеј.
Тој претходно ги предводеше турските тимови на Басакшехир и Бешикташ, грчки Астерас, како и екипите од својата земја: Спортинг Лисабон, Сетубал, Брага, Беира Мар, Авес, Белененсеш, Маритимо и неколку ниско лигаши.
Португалскиот менаџер дебито на клупата на Свонси ќе го има в саботата на гости кај Вотфорд.