Младиот напаѓач на Ливерпул, Фабио Карваљо одлучил веќе да не ја претставува Португалија во У-21 репрезентацијата, јавувајќи им го тоа со СМС порака, по што англиските медиуми тврдат дека може да се договори во иднина да ја претставува Англија.
20-годишниот Карваљо е роден во Торес Ведрас, Португалија, но од својата 11-та годин живее во Англиј и ја претставуваше оваа репрзентација во У-16, У-17 и У-18 репрезентации, пред оваа година да го има првиот настап за У-21 репрезентацијата на Португалија.
„Фабио Карваљо ја информираше Португалската фудбалска федерација преку СМС порака, дека веќе не планира да настапува за У-21 репрезентацијата. Оваа информација ја добивме пред подготовките за мечевите со Чешка и Јапонија“, се вели во соопштението на португалската федерација.
Карваљо има 4 настапи за Португалија У-21 и два гола. Тој, пак, има 11 настапи за Ливерпул оваа сезона по трансферот од Фулам.