Искусниот Бразилец со секое ново издание потврдува зошто Манчестер плати 70 милиони евра за неговиот ангажман, па иако многумина велеа дека тој не може да се вклопи во фудбалската филозофија на Тен Хаг, работата на теренот покажува нешто друго. Касемиро полека прераснува во вистински лидер во средниот ред, а додека навивачите се воодушевени од него, тој открива дека посебно е импресиониран од еден свој соиграч.
Бразилецот имаше можност да соработува со најголемите фудбалски ѕвезди во Реал Мадрид, па затоа неговата изјава за Маркус Рашфорд привлекува големо внимание во јавноста.
– Ќе бидам нависитна искрен со вас. Навистина останав изненаден од тоа каков играч е Маркус Рашфорд. Кога го гледав однадвор, можев да заклучам дека е добар играч, но сега кога го гледам секој ден, ќе кажам дека може да биде во топ 5 најдобри во светот. Знае на неверојатен начин да ја шутне топката, силен е и брз, луцидно мисли и најмногу ме изненади откако сум тука, – открива Касемиро за бразилски „ЕСПН“.