Фудбалската репрезентација на Бразил и уште е во потрага по нов селектор, па додека се најде решение селекцијата ќе ја предводи Рамон Менезес кој назначи нов капитен за утрешниот меч против Мароко.
Ветеранот Тијаго Силва е повреден и го пропушта овој собир и сега одговорноста на лидер ќе ја има асот на Манчестер Јунајтед, Касемиро.
-Се чувствувам подготвен и благодарен сум на довербата. Ако има и друг капитен, нема да има проблем затоа што јас сум еден од лидерите и имам слобода да зборувам како капитен пред групата.Тите имаше своја фудбалска филозофија и тоа мораме да го почитуваме, посебно ние поискусните фубалери. Почитта на теренот треба да се заслужи, -порача големиот борец