Легендарниот шпански голман, Икер Касиљас на 39-годишна возраст се пензионираше од фудбалот.
Касиљас кој за Реал Мадрид одигра 725 натпревари во 16 сезони и три пати ја освои Лигата на шампионите, а пет пати триумфираше во Ла Лига, објави крај на кариерата.
Тој исто така со шпанската репрезентација го освои Светското првенство, а два пати беше и Европски првак.
Од 2015 беше член на Порто, но не играше откако доби срцев удар во април 2019 иако до денес се водеше како активен член на португалскиот клуб.
„Важен е патот по кој патувате и луѓето кои ве придржуваат, не дестинацијата до која ве носи, бидејќи тоа со работа и напор доаѓа само и мислам дека без двоумење можам да кажам дека тоа беше патот ме одведе до дестинацијата од соништата“, напиша Касиљас на својот твитер профил на кој го објави и писмото со кое стави крај на кариерата.
Lo importante es el camino que recorres y la gente que te acompaña, no el destino al que te lleva, porque eso con trabajo y esfuerzo, llega solo y creo que puedo decir, sin dudar, que ha sido el camino y el destino soñado #Grac1as pic.twitter.com/xb8ucs9REh
— Iker Casillas (@IkerCasillas) August 4, 2020