Фудбалската легенда и кандидат за претседател на Шпанската федерација – Икер Касиљас, смета дека не треба да брза да се обновува Примера. „Сан Икер“ го даде предлогот до претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, преку социјалните мрежи.
Голманот на Порто посочи првенството да се рестартира по „три или четири месеци“ и да заврши во декември.
– Како ќе решите за датумите во европскиот фудбал? Откажување на сезоната? Ќе го продолжите ли шампионатот до крајот на календарската година? Ако се е добро, после 3-4 месеци може да се доиграат натпреварите и финалињата на куповите, ЛШ и ЛЕ може да бидат во декември. Следниот Мундијал е во ноември 2022 година. Има смисла “, напиша Икер.
Тебас не задоцни со одговорот: „Веќе се дискутираа за нови датуми што ќе ни овозможат да ја завршиме сезоната. Да се одложи крајот и да се заврши сезоната на крајот на годината значи да се изгуби сезоната. Што ќе се случи со договорите за телевизиски права што се потпишани за сезоните пред нас. Се работи за милијарди евра“.