Голманот на Порто, Икер Касиљас го прозва главниот тренер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, поради неговите неуспешни резултати на англиското првенство.
Претходно, 37-годишниот шпански голман играше за Реал Мадрид, каде што некое време работеше со 55-годишен португалски специјалист. Мурињо го остави Касиљас на клупата за резерви.
Манчестер Јунајтед загуби во натпреварот од 17-тиот круг од првенството на Англија од Ливерпул со 3:1. „Црвените ѓаволи“ со 26 бода го заземаат шестото место во Премиер лигата.
Тимот има најлоши резултати во овој период во последните 28 години.
– Според едно португалско издание, некој рече дека 37-годишниот фудбалер, како мене, е на крајот од неговата кариера. Јас апсолутно се согласувам! Моето прашање за ова издание е следново: „Дали истото важи и во случај на тренери, кога станува јасно дека тие повеќе не можат да го обучуваат тимот?“ – напиша Касиљас на Твитер.
МИА