вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Каталонската полиција доби снимки од расистички навреди упатени кон Винисиус

Каталонската полиција доби снимки од расистички навреди упатени кон Винисиус

Претставници на шпанската Ла Лига контактирале со полицијата поради расизмот врз Винисиус Жуниор манифестиран минатиот викенд.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека лигата, по спроведената истрага по натпреварот Барселона – Реал Мадрид (1:2) во 11. коло, испратила соопштение до органите на прогонот, во кое имало неколку видеа од дискриминаторско однесување на гледачите.

Ла Лига очекува полицијата да помогне во откривањето на оние кои го навредувале бразилскиот црномурест фудбалер.

Винисиус често пати е изложен на расистички навреди за време на натпреварите во Шпанското фудбалско првенство.  (МИА)