сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Катар домаќин на Азиското фудбалско првенство 2023

Катар домаќин на Азиското фудбалско првенство 2023

Една година откако ќе биде домаќин на Мундијалот 2022, Катар ќе го организира и Азиското првенство 2023, како замена за Кина во која на сила сè уште се ригорозни мерки против коронавирусот.

Покрај Катар, кандидати за организација на Азиското првенство на местото на Кина беа Јужна Кореја и Индонезија.

„Со постојната инфраструктура, која е на светско ниво, како и врвните способности како домаќини уверени сме дека Катар ќе приреди вистински спектакл достоен на реномето кое ова натпреварување го има“, изјави претседателот на Азиската фудбалска конфедерација, Шаик Салман бин Ебрахим Ал Калифа.

На Азиското првенство кое е поместено за крајот на 2023 година ќе настапат 24 репрезентации.  (МИА)