четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Катар и Австралија го откажаа настапот на Копа Америка

Катар и Австралија го откажаа настапот на Копа Америка

Фудбалските репрезентации на Австралија и на Катар нема да настапат на овогодишното издание на Копа Америка, потврди денеска официјално Јужноамериканската фудбалска асоцијација (КОНМЕБОЛ).

Копа Америка, најстарото континентално фудбалско натпреварување во светот што за првпат се одржа во 1916 година, годинава ќе го има своето 47. издание, откако минатата година беше презакажано поради пандемијата на коронавирус.

Покрај десетте јужноамерикански репрезентации, годинава на Копа Америка требаше да настапат и Австралија и Катар, но двете репрезентации го откажаа учеството поради пандемијата на Ковид-19.

Во минатото на Копа настапуваа Мексико, САД, Јапонија и многу други репрезентации надвор од Јужна Америка, а годинава КОНМЕБОЛ на крајот се откажа од идејата да повика други репрезентации како замена по двете откажувања.

Копа Америка, која годинава за првпат во историја ќе се одржи во две држави, ќе го отворат Аргентина и Чиле на 11 јуни на стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес

Во групата што ќе се игра во Колумбија, покрај домаќинот, се и репрезентациите на Бразил, Венецуела, Еквадор и Перу.Во другата група се домаќинот Аргентина, Чиле, Парагвај, Уругвај и Боливија..