вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Катарскиот шеик утре ќе ја даде втората понуда за Манчестер јунајтед

Катарскиот шеик утре ќе ја даде втората понуда за Манчестер јунајтед

Катарскиот шеик Џасим бин Хамад Ал Тани во среда ќе поднесе втора понуда за Манчестер јунајтед.

Според „Скај спортс“, разговорите меѓу делегацијата на шеикот и раководството на Манчестер јунајтед поминале добро минатиот четврток. Советниците на шеикот работат на нов предлог, кој се очекува да биде даден до среда (22 март) навечер.

Според британскиот весник, по оваа посета на делегацијата на „Олд Трафорд“, нема сомнеж дека шеикот Џасим сака да стане сопственик на Манчестер јунајтед.

Претходно беше објавено дека конечната понуда на шеикот може да биде околу шест милијарди фунти, што е токму она што го бара семејството Глејзер, кое е сопственик на клубот.