среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Катерина Милеска стана првата дама селектор во Македонија

Катерина Милеска стана првата дама селектор во Македонија

Репрезентативка и тренер на шампионот Деспина, Катерина Милеска испиша историја во македонскиот фудбал, затоа што доби нова улога – ќе биде селектор на женската селекција до 17 години.

Женската репрезентација до 17 години ја очекуваат два пријателски меча во Букурешт со Романија (17 и 19 август), а првиот резултатски предизвик е квалификацискиот турнир следниот месец против Естонија, Молдавија и Украина,

„Ме радува тоа што сум прв женски селектор на македонска репрезентација. Визијата на федерацијата – „Повеќе жени, повеќе голови“ и стратегијата за развој на женскиот фудбал е насочена кон вклучување на повеќе девојки и жени во нашиот фудбал, а јас се надевам дека ќе бидам поттик за доплнителна промоција на нашиот фудбал. Се разбира, со докажување во работата и подобри резултати на националните тимови.Бев вклучена како тренер во селекцијата до 15 години и одлично ги познавам девојките од репрезентацијата. Проблем е тоа што поради здравствената криза немавме собири и натпревари во изминатиот период, но сега ни следуваат два пријателски натпревари против Романија и тоа е убава можност да го видиме нашето ниво на игра. Се надевам дека заеднички ќе ја градиме селекцијата на вистински начин и ќе создаваме репрезентатиен квалитет за А селекцијата“, изјави Катерина Милеска.

Милеска сè уште актуелната репрезентативка на македонската женска репрезентација и е рекордерка по бројот на настапи во женската селекција.