петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ќатип Османи ја напушти Шкендија

Ќатип Османи ја напушти Шкендија

По завршувањето на сезоната во ПМФЛ оставка од клупата на Шкендија поднесе Ќатип Османи.

Османи е човекот кој во минатото ги донесе најголемите успеси на Шкендија. Во изјава за клупскиот сајт по мечот со Работнички Османи се заблагодари и потврди дека си поднесува оставка.

„Игравме со комбиниран тим и сепак мислам дека ја заслуживме победата. Мислам дека секогаш може подобро. Но, она што е поважно во овој момент е дека ова беше последен натпревар за мене како тренер на Шкендија. Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам на сите за поддршката. Ја имав оваа година, почнувајќи од економистите, медицинскиот персонал, техничкиот персонал, раководството, јавноста, „Балистите“ и можеби уште поважно компанијата „Еколог“ која континуирано со години инвестира во овој тим за да изгради европски клуб“, изјави Османи.

Набрзо по изјавата на Османи, Шкендија потврди дека ја прифаќа оставката и во наредниот период ќе се фокусира на пронаоѓање на нов стратег.