среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Кавани: Ако ме суспендираат за удирање на ВАР мониторот, тогаш судијата треба да го стават во затвор!

Кавани: Ако ме суспендираат за удирање на ВАР мониторот, тогаш судијата треба да го стават во затвор!

Единсон Кавани го прокоментира испадот на мундијалот во Катар кога со бокс го сруши ВАР мониторот, вели дека понекогаш адреналинот и еуфоријата си го прават своето.

ФИФА покрена постапка против Единсон Кавани, Хозе Мариа Хименес, Диего Годин и Фернандо Мусрела за инцидентите кои се случија по крајот на натпреварот помеѓу Уругвај и Гана во третото коло на мундијалот во Катар.

По елиминацијата, Уругвајците беа бесни на судиите, сметаа дека се оштетни откако не им беше досуден пенал, кој можеше да значи осминафинале.

Се говори дека на сите им се заканува драконска казна, поради која може и да не играат за своите клубови.

„Ако ме суспендираат за удирање на ВАР мониторот, судијата, поради тоа што не елиминираше од Светско првенство, треба да го стават во затвор!“ – вели Единсон Кавани.

„Со ВАР, со сите тие камери, има грешки кои не смеат да се направат“.

„Да, погрешно е тоа што го удрив ВАР мониторот, но понекогаш во фудбалот, особено на важен натпревар, реагирате на одреден начин поради адреналинот и еуфоријата“.