Уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани пристигнува во Валенсија за да потпише двегодишен договор со клубот од Ла Лига. Тој беше во преговори и со Вилјареал, но на крајот одлучи да ја прифати понудата на Валенсија.
Кавани доаѓа како слободен агент откако му истече договорот со Манчестер Јунајтед.
Одличниот голгетер ова лето ја одби и понудата на Бока Јуниорс затоа што сака и понатаму да настапува во Европа.