Искусниот уругвајски напаѓач Единсон Кавани се согласи да се пресели во шпанскиот прволигаш Вилјареал. Кавани во моментот е без клуб откако му истече двегодишниот договор со Манчестер Јунајтед.
35-годишниот фудбалер имаше неколку понуди летово, се зборуваше за заминување во Фенербахче или Гранада, но Вилјареал му понуди најдобри услови на Уругваецот.
Поранешниот тренер на Пари Сен Жермен, Унаи Емери, го чека Кавани, кој одлично го познава и очигледно одигра важна улога во неговата одлука да го засили полуфиналистот од Лигата на шампионите.