Уругвајскиот фудбалер Едисон Кавани нема да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед туку на крајот од сезоната ќе замине во Јужна Америка и ќе потпише со тимот на Бока Јуниорс.
Искусниот напаѓач игра релативно добра сеозона на Олд Трафорд но по годините минати во Европа очигледно дека сака да ја промени целосно фудбалската средина и ќе замине во Аргентина.
Првите луѓе на Бока веќе се во преговори со Кавани кој е подготвен да потпише тригодишен договор со оваа екипа.