Фудбалерот на Манчестер Јунајтед и на уругвајската репрезентација, Единсон Кавани е блиску до продолжување на договорот со „црвените ѓаволи“.
Според ЕСПН, 34-годишниот Уругваец, и покрај интересот од Бока Јуниорс, е подготвен да остане во Манчестер Јунајтед. Кавани и неговите агенти се подготвени да преговараат со Манчестер Јунајтед пред крајот на сезоната.
Единсон сака да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед и поради Светското првенство во Катар во 2022 година.
Кавани потпиша за Манчестер Јунајтед во октомври 2020 година како слободен агент од ПСЖ. Договорот беше на 1+1 година.