Сака, Рашфорд и Санчо по промашените пенали во финалето против Италија, трпат сериозни расистички навреди на социјалните мрежи.
Овој примитивен однос на дел од англиските фанови наиде на многу реакции на јавноста. Сите ги осудуваат расистите и бараат државата да биде поостра кон нив и конечно да донесе реални промени за искоренување на ваквите навреди.
Капитенот на Англија, Хари Кејн застана во одбрана на своите соиграчи и упати порака до расистите.
„Тројцата момци кои беа брилијантни цело лето и имаа храброст да истапан и да ги изведат пеналите кога ризикот беше голем. Тие заслужуваат поддршка а не расистички навреди кои ги трпат. Доколку навредувате некој на социјалните медиуми вие не сте фанови на Англија и ние не ве сакаме“, напиша Кејн.
Three lads who were brilliant all summer had the courage to step up & take a pen when the stakes were high. They deserve support & backing not the vile racist abuse they’ve had since last night. If you abuse anyone on social media you’re not an @England fan and we don’t want you. pic.twitter.com/PgskPAXgxV
— Harry Kane (@HKane) July 12, 2021