недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Кејн поради повреда ќе паузира еден месец

Кејн поради повреда ќе паузира еден месец

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн поради повреда ќе отсуствува од фудбалските терени околу еден месец, објави „Телеграф“.

Капитенот на Англија го повреди зглобот на натпреварот од 22. коло од првенството на Англија против Манчестер Јунајтед (0:1) одигран на 13 јануари.

Така, Кејн веројатно ќе го пропушти дуелот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд.

Во тековната сезона, Кејн одигра 31 натпревар, постигна 20 гола и оствари пет асистенции, па неговото отсуство ќе претставува огромен хендикеп за лондонскиот премиерлигаш.

МИА