петок, 29. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Кејн се договори со Манчестер Сити

Кејн се договори со Манчестер Сити

Манчестер Сити веќе започна преговори со Тотенхем за трансферот на Хари Кејн, пренесуваат медиумите на Островот.

„Би-Би-Си“ открива дека Кејн веќе се договорил со „граѓаните“ и во наредните пет години на „Етихад“ ќе заработува 16 милиони фунти по сезона.

Сити и Тотенхем ги започнаа преговорите, но тие не се одвиваат глатко. „Граѓаните“ понудија 100 милиони фунти плус опција да вклучат некој од своите играчи.

Тотенхем првично ја одби понудата, но преговорите продолжуваат бидеќи Кејн инсистира да се пресели во Манчестер Сити.

Медиумите на Островот се сигурни дека ова ќе биде најскапиот трансфер во историјата на Премиер лигата.