Екипата на Виљареал остана без својот тренер Унаи Емери кој замина да ја води Астон Вила во Премиер лигата. Клубот од Англија ја плати откупната клаузула од шест милиони евра и го доведе стручњакот, па „жолтата подморница“ мораше да бара замена.
Шпанскиот стручњак Кике Сетиен е наследникот на Емери на клупата на Виљареал. Искусниот стратег парафира договор до крајот на следната сезона.
Сетиен утре наутро ќе го поведе тимот на првиот тренинг, по што следи и официјалната прес-конференција во негова чест.