Група на навивачи од Гостивар и Скопје денеска тргнаа кон Белград за да можат вечерва да го проследат фудбалскиот меч помеѓу Црвена Звезда и Олимпијакос.
Тие со развеана парола на автопатот Гостивар-Тетово „Гостивар Београд 500 километри нису проблем“ тргнаа кон Белград.
Инаку Црвена Звезда денеска е домаќин на Олимпијакос во рамки на 2.коло во Лигата на шампионите, а атмосферата уште вчера ја загреаја двете навивачки групи кои важат за пријателски настроени.
Грчките фанови беа пречекани со голем транспарент на автопатот при влезот во главниот град на Србија и тоа испишан на грчки јазик. „Делиите“ и „Гејт 7“ се збратимени и на натпреварот на стадионот „Рајко Митиќ“ ќе навиваат заедно.
Пречекот на грчките навивачи направи тотален хаос во сообраќајот на влезот во Белград, бидејќи тука им се приклучија и „делиите“.
#navijači #autoput pic.twitter.com/DLg7CuLfCL
— Vukasin Obradovic (@V_Obradovic) September 30, 2019