среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ким Мин-Јае се договори со Манчестер Јунајтед

Ким Мин-Јае се договори со Манчестер Јунајтед

Централниот дефанзивец на Наполи, Ким Мин-Јае, ја прифати понудата на Манчестер Јунајтед и начелно се согласи да му се приклучи на еден од најголемите тимови во Англија во текот на летото, пишува италијанскиот „Ил Матино”.

Според изворот, раководството на новиот шампион на Италија веќе бара замена за Јужнокореецот. Манчестер Јунајтед ќе ја плати отштетната клаузула од 48 милиони евра во неговиот договор, која мора да биде активирана во првата половина на јули.

Пред неколку недели претставници на Манчестер Јунајтед стапиле во контакт со агентите на Ким Мин-Јае и му понудиле одлични услови, а тој едноставно не можел да каже „не“ за преселба на „Олд Трафорд“.

Јужнокореецот е среќен во Неапол, но отсекогаш сонувал да игра во Премиер – лигата.