петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Кин до Тен Хаг по дерби поразот: Првата работа што треба да ја направи…

Кин до Тен Хаг по дерби поразот: Првата работа што треба да ја направи…

Манчестер Јунајтед имаше ново безлично издание пред своите гледачи и на крајот загуби со убедливи 0:3 во големото градско дерби, кое во последната деценија се почесто изгледа на дуел во кој доминира тимот во сино.

Манчестер Сити славеше со двата гола на Ерлинг Халанд и оној на Фил Фоуден, а дел од легендите на Јунајтед повторно беа распоредени во студијата и во живо ги коментираа случувањата на теренот.

Гери Невил остана посебно шокиран од Антони кој намерно сакаше да го повреди Доку, додека Рој Кин му се нафрли на капитенот на Јунајтед и испрати жесток совет до менаџерот Ерик Тен Хаг. Кин го поддржа Холанѓанецот и посочи дека му е потребно време за да го среди хаосот во Јунајтед, но му препорача дека прва работа која треба да ја направи е смена на капитенот.

– Првата работа која јас би ја направил е промена на капитенот. Бруно Фернандеш не е материјал за капитен. Тој постојано се жали и „плаче“. Тој е целосен контраст од тоа како треба да изгледа еден капитен, – посочи Кин.