Фудбалерите кои настапуваат за кинеската репрезентација добија забрана да се тетовираат, а на оние кои веќе се тетовирани им е советувано да ги отстранат тетоважите од своите тела, објави Генералниот комитет за спорт во Пекинг.
Со тоа, како што е соопштено, се испраќа добар пример за општеството.
Во посебни случаи кинеските репрезентативци ќе можат да ги покријат тетоважите за време на тренинзите и натпреварите, доколку со тоа се согласат и другите членови на екипата.
Кина од средината на 2018 година засилено воведува регулативи за да забрани појавување тетоважи на телевизиските екрани.
Тетоважата во кинескат а култура носи стигма, бидејќи во минатото се користела за обележување криминалци, а и денес тетоважите се поврзани со криминални групи во источна Азија.