четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Кјаер испрати порака до фановите по тешката повреда: Ви благодарам…(ФОТО)

Кјаер испрати порака до фановите по тешката повреда: Ви благодарам…(ФОТО)

Еден од најзначајните играчи во одбраната на Милан, Симон Кјаер долго време ќе биде во аут од фудбалските терени по тешката повреда која ја заработи на дуелот против Џенова во Серија А.

Се очекува Данецот да паузира околу шест месеци што секако е голем удар за „росонерите“ кои сезонава се борат на повеќе фронтови. Многу пораки за поддршка и брзо закрепнување стигнаа до стоперот, па Кјаер ги искористи социјалните мрежи да им се заблагодари на сите навивачи за убавите зборови во овој тежок период.

-Ви благодарам многу за поддршката и пораките што ги добив. Се радувам на напорната работа која сега е пред мене, -напиша данскиот репрезентативец.