сабота, 30. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ЌЕ ГРМИ НА ТРИБИНИ: Влезниците за Македонија – Исланд се распродадени

ЌЕ ГРМИ НА ТРИБИНИ: Влезниците за Македонија – Исланд се распродадени

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе има целосна поддршка на натпреварот против Исланд во рамки на квалификациите за Светското првенство (СП) затоа што целосниот капацитет на Арената „Тодор Проески“ е распродаден.

ФФМ прво во употреба ги пушти Северната и Јужната трибина, а по победата над Ерменија во Ереван (0-5) и ремито на Романија и Исланд кое ја стави Македонија во пол-позиција за бараж за првпат во историјата, влезници за овие трибини снема.

Поради големиот интерес, во продажба излегоа и влезници за Источната и Западната трибина, а неполни 24 часа по отворањето и на овие трибини, влезници веќе нема.

Секако, овој натпревар ќе се игра пред посетеност според протоколите, односно за заштита за ширење од коронавирусот. Натпреварот меѓу Македонија и Исланд се игра в недела од 18:00 часот, а доколку нашиот нациоанлен тим победи, ќе заврши на втората позиција на табелата.