Хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен вчера беше во Краљево Сутјеска, каде што беше организиран незаборавно добредојде.
Дејан малото место кое се наоѓа во близина на Какањ, го посети во придружба на неговите родители, а таму стотици луѓе го поздравија со песна и извици на поддршка. „Дејо, Дејо”, се слушаше од сите страни.
Како знак на благодарност за поддршката од локалните жители на Краљево Сутјеска, Дејан на својот Инстаграм профилот откри дека ќе отвори пензионерски дом на ова место.
„Со гордост можам да кажам дека тука ќе изградам пензионерски дом, тоа е најмалку што можам да го направам за вас драги луѓе …”, напиша Ловрен кој се фотографираше пред францисканскиот манастир.
Во објавата, тој уште еднаш се заблагодари и напиша „прекрасно добредојде”.