среда, 17. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Кјелини е слободен играч, Јувентус се уште не испратил понуда до него

Кјелини е слободен играч, Јувентус се уште не испратил понуда до него

Џорџо Кјелини одигра квалитетно на Европското првенство и беше меѓу најзаслужните што Италија успеа да ја освои титулата.

Сега откако шампионатот е готов Џорџо треба да реши многу важно прашање и тоа е она клупското со оглед на тоа што од почетокот на овој месец тој е слободен играч. Јувентус беше клубот со кој беше врзан долги години и се очекува тоа така да биде и во иднина, меѓутоа интересно „старата дама“ засега нема испратено никаква понуда.

-Потребни се двајца за да се потпише договор. Џорџо замина на ЕП и се фокусираше исклучиво на тоа. Нема проблем со Јувентус, рековме дека ќе се состанеме подоцна во текот на летото, но сè уште не сме седнале да разговараме за обновување, -вели агентот на стоперот, Давиде Липи.

Липи даде краток одговор и за тоа што ако за Кјелини стигне понуди и од друг голем европски клуб.

-Прво треба да достават понуда. Сега за сега нема никој. Чекаме Јувентус да ни каже кога можеме да седнеме и да разговараме, -порача Давиде кој воедно отфрли заминување на големиот борец во пензија.

-Да се размислува за Кјелини надвор од зелениот терен во овој момент е лудило. Она што го стори по кинењето на предниот вкрстен лигамент е неверојатно. Она што го разгорува е страста и видовме на ЕП дека страста сè уште е силна.

-Тој беше симбол на Јувентус многу години и чекаме клуб. Никој не се јави, но не би бил изненаден ако се јават, бидејќи тој е единствениот слободен агент во италијанската репрезентација, -истакна агентот за Радио Радио.