Легендарниот бразилски фудбалер Пеле, кој боледува од рак, е примен во болница во текот на вчерашниот ден поради проценка на ефикасноста на лекувањето со хемотерапија, наведоа денеска неговите ќерки.
Паралелно со ова, и болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло објави соопштение, прецизирајќи дека „Пеле, откако е прегледан, е сместен во соба и немаше потреба за интензивна нега“.
Една од ќерките на Пеле, Кели Насименто, која живее во САД, наведе на социјалните мрежи дека нејзиниот татко е во болница за да се регулира дозата на лекови.
„Нема да одам со следниот лет. Моите браќа се во Бразил и јас ќе им се придружам за Нова година. Ветувам дека ќе објавам фотографии“, наведе таа на својот Инстаграм профил.
Порака со слична содржина објави и другата ќерка на 82-годишниот Пеле, Флавија Насименто.
„Постои забуна бидејќи мојот татко замина во болница на тестирање. Жал ми е што недобронамерни медиуми говорат за непостоечки факти, работи за кои ние ништо не знаеме. Вистината е дека тој е на прегледи, како и претходно, за да се следи развојот на болеста. Мораме да му испраќаме позитивна енергија од Светското првенство, тоа му е потребно“,, наведе Флавија Насименто.