Тренерот на Херта, Јирген Клинсман, денес поднесе оставка, поради слаба поддршка од управата на клубот.
– Како главен тренер, за задача што сè уште не е завршена, ми требаше и доверба во управувањето. Единството, кохезијата и фокусирањето на главните цели се најважните елементи. Ако не се загарантирани тие елементи, не можам да го искористам мојот потенцијал како тренер и, според тоа, не можам да ги исполнам моите одговорности. Затоа, по многу размислување, дојдов до заклучок да поднесам оставката, соопшти Клинсман.
Берлинскиот клуб ја потврди оваа информација.
– Бевме изненадени од овој пресврт на настаните утрово. За време на зимскиот трансфер прозорец, немаше никакви знаци за проблеми, се вели во изјавата на Херта.
Клинсман ја предводеше Херта од крајот на ноември минатата година.
Херта по 21 коло во Бундеслигата се наоѓа на 14. место со 23 бода.