понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Клоп: Не сум кандидат за селектор на Германија

Клоп: Не сум кандидат за селектор на Германија

Тренерот на англискиот фудбалски првак Ливерпул, Јирген Клоп, демантираше денеска дека ќе го наследи Јоаким Лев на местото селектор на Германија.

-Не, нема да бидам меѓу кандидатите за селектор на Германија идното лето, изјави Клоп.

Многу медиуми го поврзуваа Клоп како наследник на Лев, откако претходно денеска беше соопштено дека долгогодишниот германски селектор заминува од должноста по претстојното Европско првенство.

-Ситуацијата е едноставна. Имам уште три години од договорот со Ливерпул, истакна Клоп на конференцијата за новинари пред утрешниот реванш осминафинален натпревар против Лајпциг во Лигата на шампиони.