Ливерпул го победи Манчестер Јунајтед со 7:0 во натпреварот од 26. коло на англиската Премиер лига. Конечниот резултат ја претставува најубедливата победа на која било од овие тимови во нивните директни средби. Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, сè опиша како „совршена вечер“.
„Немам зборови. Седум гола. Почетокот на второто полувреме беше прилично добар. Така беше и крајот. Тоа е фудбал, вакви работи може да се случат. Ни требаше ова, ќе не насочи во вистинската насока. Сите знаат дека сè уште сме тука. Не Изгледаше така некое време, но ова покажа што можеме и како мораме од сега па натаму“, рече по натпреварот со лутиот ривал.