Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ја коментираше ситуацијата во која се наоѓа Челзи.
По заминувањето на Роман Абрамович и воведените санкции против него, клубот се најде во непријатна ситуација. Решението би можело да биде во тоа Русинот на клубот да му го прости кредитот од милијарда ипол фунти, а кој планира да го продаде за 3,5 милијарди.
Според Клоп, власта направила добра работа.
-Само еден човек е одговорен и тоа е Путин. Не ја знам улогата на Абрамович со сето тоа. Можевме да претпоставиме претходните години дека е близок со него. Искрено, мислам дека британската владата направи исправна работа. Тоа не е добро за вработени во Челзи и навивачите, сфаќам. Но, мислам дека Владата ја направи вистинската работа, истакнал Клоп.