Диего Армандо Марадона почина на 25 ноември, на истиот ден кога почина и неговиот голем пријател, кубанскиот лидер Фидел Кастро четири години порано. Поранешниот претседател на Куба почина во 2016 година, а судбината сакаше на ист ден да замине аргентинскиот генијалец.
Марадона од 2000 до 2004 година живееше на Куба каде со раширени раце беше прифатен од Фидел Кастро.
„Јас не сум комунист, туку Фиделист и тоа до смрт“, велеше Марадона.
Синот на Кастро, по неодамнешната операција на мозокот, му понуди на Марадона рехабилитацијата но на Куба, но Аргентинецот не дочека пак да го посети саканиот остров.