четврток, 2. мај 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Кога капитенот ќе ти испрати порака: Рамос со емоција за трансферот на Варан во Манчестер

Кога капитенот ќе ти испрати порака: Рамос со емоција за трансферот на Варан во Манчестер

Реал Мадрид ова лето дефинитивно ќе ја реновира својата одбрана, откако прво си замина Серхио Рамос, а потоа и Рафаел Варан.

Како што знаеме веќе, дефанзивниот двоец на Реал од идната сезона ќе настапува во Париз и Манчестер, а екс капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, му испрати порака на доскорашниот соиграч Варан, во која го поддржува неговиот потег во кариерата.

„Драг Рафа, можам само да размислувам за овие години кога бевме партнери, сите тие триумфи и успеси, па сега ти посакувам среќа во новата стаза од кариерата, сигурен сум дека ќе биде возбудливо“, напиша Рамос на Твитер.

Серхио Рамос замина бесплатно во ПСЖ, додека за Рафаел Варан, Манчестер Јунајтед ќе мора да им исплати на Реал 45 милиони евра плус бонуси.

Варан и претходно беше трансфер желба на „ѓаволите“, уште кога Фергусон беше дел од Манчестер Јунајтед.