вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Кога ќе дознаете од што боледувал пилотот ќе ви се заледи крвта- нови детали за трагичната смрт на Емилијано Сала

Кога ќе дознаете од што боледувал пилотот ќе ви се заледи крвта- нови детали за трагичната смрт на Емилијано Сала

Емилијано Сала настрадал на 21. јануари, авионот кој го превезувал од Нант до Кардиф се урнал во Англискиот канал. Би-Би-Си објави нови детали за истрагата која покажува дека Давид Иботсон не смеел да пилотира таа вечер…

Давид Иботсон (59), пилотот кој го превезувал Емилијано Сала, бил далтонист, далековид и немал лиценца за ноќни летови.

Тоа се новите детали од истрагата за несреќата на аргентинскиот фудбалер. Тој кобниот 21. јануари летал од Нант за Кардиф за кој потпишал договор вреден 17. милиони евра. Во новиот клуб не пристигнал бидејќи неговиот авион се урнал во Англискиот канал.

Информациите ги објавил Би-Би-Си, а управата за цивилно воздухопловство на Велика Британија одбила да ги коментира. Од порано се знаело дека Ибутсон немал лиценца за возење на приватниот авион Piper Malibu, а сега угледниот Би-Би-Си тврди дека имал американска лиценца само за возење по дневно светло и не смеел да вози ноќе. Поради далековидост морал да носи очила за визија во близина.

За добивање на ноќна дозвола за летање пилотот мора да мине петчасовен тест на теориски дел и пет часови обука. Исто така, битно е дека пилотот мора јасно да ги разликува зелената и црвената боја, а тој тоа не го можел.

Летањето вон ограничувањата на лиценцата е незаконско. Европските правила ноќта за пилотите ја дефинираат како време од половина час по заоѓањето на сонцето до половина час пред изгревањето на сонцето. Способноста на разликување на зелените и црвените светла е клучна за летање ноќе, рекле извори за Би-Би-Си.

Емилијано од Нант требало да полета во утринските часови, но полетувањето на крај е поместено после 19. часа. До тогаш сонцето во Нант веќе било зајдено…

Приватниот авион со кој Сала патувал од Нант до Кардиф се урнал во Англискиот канал на 21. јануари.

Во остатоците од авионот на 4. февруари било забележано тело, а неколку дена подоцна било потврдено дека станува збор за Емилијано Сала. Аутопсијата покажала дека умрел од удар во главата, а не од давење.