понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Колабираше на теренот, a сега упати порака од болничкиот кревет

Колабираше на теренот,  a сега упати порака од болничкиот кревет

Поранешниот холандски репрезентативец Бас Дост, колабираше на теренот за време на дуелот АЗ Алкмар и НЕЦ Најмеген.

Веднаш реагираа фудбалерите кои беа блиску до него, а веднаш се појави и Брза помош. Лекарите навремоено реагираа, а по неколкуминутна интервенција, фудбалерот додека заминуваше во болница, ја крена раката сиганлизирајќи дека е подобро.

На сицијалните мрежи на НЕЦ Најмеген вечерва се појави фотографија од Дост и негова порака до сите кои беа загрижени за неговата состојба.

„Добро ми оди. Помошта која ја добив на теренот беше фантастична. Сега сум во болница и добро се чувствувам. Благодарам на поддршката“, гласи пораката од Дост.