сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Колина се огласи за ВАР технологијата на Мундијалот

Колина се огласи за ВАР технологијата на Мундијалот

Првиот човек на Судиската комисија на ФИФА, Пјерлуиџи Колина, изјави дека употребата на ВАР технологијата на Светското првенство во Русија е вистински потег и дека во текот на првата фаза од Мундијалот беа донесени 99,3 отсто правилни одлуки.

– Имаше 335 ситуации во текот на првите 48 натпревари. Судиите без помош на ВАР донесоа правилни одлуки во 95 отсто од случаите, но со помош на видео техонологијата процентот се зголеми на дури 99,3 отсто. Ние не сме божества за да бидеме безгрешни, истакна Колина на прес-конференцијата во Москва.

Колина, како и неговите соработници Масимо Бусака и Роберто Росети, не сакаа да откријат каде ВАР технологијата погрешила.

Италијанскиот весник „ Газета дело спорт“ тврди дека една од грешките е недосудениот пенал за Србија на натпреварот против Швајцарија и црвениот картон за германскиот фудбалер Жером Боатенг против Шведска.

МИА