сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Колку ќе заработи Касемиро за пет години во Манчестер Јунајтед?

Колку ќе заработи Касемиро за пет години во Манчестер Јунајтед?

Манчестер Јунајтед е блиску до соработка со Касемиро, кој важи за еден од најдобрите играчи за врска на денешницата.

Бразилецот изненадувачки ќе си замине од Реал Мадрид, со кој освои голем број титули. Сега е подготвен за нов предизвик, што го потврди и тренерот на мадриѓани, Карло Анчелоти.

Шпански „АС“ ја открива сумата која наводно бразилскиот ас ќе ја заработи за пет години на „Олд Трафорд“. Се споменува бројка од сто милиони евра бруто плата која ќе ја потроши премиерлигашот за новото летно засилување.

Од Англија, пак, пишуваат дека екипите преговараат за трансфер кој ќе вреди околу шеесет милиони евра.