четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Колку луѓе го гледаат Европското првенство на телевизија: Само за финалето се очекуваат 300 милиони

Колку луѓе го гледаат Европското првенство на телевизија: Само за финалето се очекуваат 300 милиони

Вкупниот број на телевизиски гледачи на натпреварите од ЕУРО2020 ќе изнесува 4,7 милијарди луѓе ширум светот, соопшти УЕФА.

На Европското фудбалско првенство, заклучно со финалето на 11 јули на стадионот „Вембли“ во Лондон, ќе се одиграат вкупно 51 натпревари, кои 130 глобални радиодифузни партнери на УЕФА ги емитуваат во живо во 200 држави и територии.

Секој натпревар на ЕУРО2020 во просек преку телевизиските екрани го гледаат 100 милиони луѓе, а финалето се очекува да го гледаат околу 300 милиони луѓе. (МИА)