Лионел Меси во текот на денешниот ден беше официјално претставен од страна на ПСЖ и ја одржа првата прес-конференција, но направи и интервју за „ЕСПН“ кое го водеше неговиот сонародник, Кристијан Мартин.
Аргентинецот порача дека од огромна помош му било тоа што добил поддршка од цело семејство за следниот голем чекор во неговата кариера, но сепак од ова интервју, во фокусот се најде самиот крај на истото.
Со цел да означи крај на разговорот, Кристијан Мартин побара од Меси да каже „многу ти благодарам“ на француски јазик, но иако во неколку наврати му нагласи „merci beaucoup“, одговорот од Лео беше најаргентински што може да постои.
Меси не се осмели ја каже наједноставната изрека во францускиот јазик, па во неколку наврати возврати со „благодарам“ на свој мајчин јазик „Gracias“.