недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Компани ја заврши кариерата

Компани ја заврши кариерата

Белгискиот фудбалер Винсент Компани ја заврши својата играчка кариера.

Поранешниот играч на Хамбург и Манчестер Сити ја заврши кариерата на 34-годишна возраст.

Тој сега ќе работи како главен тренер на Андерлехт.

По 11 години во Манчестер Сити, каде беше капитен осум години, во 2019 година се пресели во Андерлехт.

Тој страдаше од повреди една и пол година, па реши да ја заврши кариерата и целосно да се посвети на тренерството. Во својата кариера, тој освои две белгиски титули со Андерлехт, четири Премиер лиги и два ФА и Лига купови со Сити.

Тој забележа 85 настапи за Белгија и стигна до третото место на Светскиот куп во Русија.