Доскорешниот лев бек на Феенорд, Тајрел Маласија е прво засилување за Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок.
Клубот од Олд Трафорд му даде договор на четири години со можност за продолжување на уште една. Феенорд за него ќе заработи 15 милиони евра и уште евентуални два милиона во зависност од бонусите.
Левиот бек е стандарден првотимец на Феенорд од 2017 година и оттогаш одигра 136 натпревари за тимот од Ротердам при што постигна четири гола.