По извлечените ждрепи во Лигата на шампионите и Лига Европа, ред дојде и на Конференциската лига, натпревраување во кое Македонија има два претставника во Енид Барди и Иван Тричковски.
Македонскиот репрезентативец Барди како член на Трабзонспор ќе ги одмери силите со швајцарскиот фудбалски великан Базел во првата нокаут рунда во ова натпреварување, додека Тричко доби украински предизвик.
Искусниот голгетер и неговите соиграчи од АЕК Ларнака ќе ги вкрстат копјата со Днепар, додека од извлечените двојки, најизедначен се очекува да биде двомечот меѓу Фиорентина и Брага.
Како и во останатите две натпреварувања, првите мечеви во нокаут рунда се играат на 16-ти февруари, а реваншите се закажани за една седмица подоцна.
Во ждрепката не учествуваа тимовите кои завршија први во своите групи, па така тие ќе ги чекаат подобрите од овие ривали во осминафиналето.
The knockout round play-off draw is set! 🤩
Which game are you looking forward to?#UECLdraw pic.twitter.com/aXNxs0Poiz
— UEFA Europa Conference League (@europacnfleague) November 7, 2022