четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Конференциска лига: Шкендија го победи Арарат, висок пораз на Академија Пандев во Полска

Конференциска лига: Шкендија го победи Арарат, висок пораз на Академија Пандев во Полска

Половичен успех на македонските екипи вечерва во Конференциската лига на УЕФА.

Шкендија на „Тодор Проески“ во Скопје забележа победа над Арарат од Ерменија со 2:0, резултат постигнат уште во првото полувреме.

Стрелци на головите за тетовци беа Аденис Шала во 21. и Валмир Нафиу во 45. минута.

За разлика од Шкендија, Академија Пандев доживеа висок пораз од 4:1 на гостувањето во Гдањск кај Лехија.

На овој меч од 8. минута имаше 30.минутен прекин поради тепачка меѓу себе на домашните навивачи.