понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Конте би можел да се врати во Јувентус

Конте би можел да се врати во Јувентус

Актуелниот менаџер на Тотенхем, Антонио Конте би можел следната сезона да се врати во Серија А и да седне на клупата на Јувентус, пишуваат италијанските медиуми.

Според нив, управата на Јувентус најверојатно нема да му врачи отказ на Масимилијано Алегри и ќе го остави до крајот на сезоната, и потоа ќе тргне со сили по потписот со Конте.

Конте од 2011 до 2014 година седеше на клупата на Јувентус, но си замина поради несогласување со управата.

Наводно, можноста да се врати во „старата дама“ е причината зошто Конте одбива средба со претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, на кој би се разговарало за продолжување на соработката.