петок, 5. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Конте би прифатил да го преземе кормилото на Манчестер јунајтед?

Конте би прифатил да го преземе кормилото на Манчестер јунајтед?

Специјалистот за трансфери тврди дека Конте би можел да го преземе кормилото на „Црвените ѓаволи“ доколку пристигне понуда на негова адреса за таков предизвик.

Поранешниот тренер на Челси, Антонио Конте би можел одново да биде дел од Премиерлига, а Џанлука Ди Марцио тврди дека Италијанецот би прифатил понуда од Манчестер јунајтед.

Конте е без ангажман откако си замина од Интер на крајот од ланската сезона, а се поврзуваше со повеќе клубови, беше пред ангажман во Тотнем меѓутоа сето тоа пропадна поради тоа што клубот од Лондон не го убедил во проектот.

Иднината на Оле Гунар Солшер во Манчестер јунајтед се верува дека е неизвесна, па така се појавија гласини низ дел од медиумите дека тој би можел да биде отпуштен доколку не испорача резултати во периодот кој претстои, а освен Конте, како негов можен наследник се споменува и Зинедин Зидан.